Испечати

Фритули прелиени со сос од лимон

Фритули прелиени со сос од лимон

Состојки

  • Состојки за фритулите
  • 450 гр брашно
  • 450 мл топла вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лимон(рендана кора)
  • Сос од лимон
  • 100 мл мед
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/2 лимон(рендана кора)

Подготовка

Првин во еден подлабок сад ја ставаме топлата вода и 1 лажица шеќер и квасецот и чекаме да надојде квасецот.Кон стасаниот квасец се додава брашното,ванилата,ренданата кора,солта,јајцето и со маталка рачно ја матиме смесата.Оставаме да стаса смесата околу 1 час.
За тоа време во 100 милилитри мед ставаме 1 лажица сок од лимон и рендана кора од половина лимон.Убаво го размешуваме и оставаме да одстои додека стасува тестото.
Откако ќе стаса тестото,во една тава на оган ставаме зејтин (висината на зејтинот отприлика 1,5 сантиметри од дното на тавата) и го загреваме на најјако.Со намастена лажичка земаме од смесата и со друга ја ставаме во зејтинот.Ставаме по неколку фритули да се пржат и постојано ги полеваме со зејтин.Кратко од едната страна,кратко пржиме од другата страна.Готовите фритули ги ставаме на кујнска хартија за да ја впие вишокот маснотија.Сега ја намалуваме температурата(од 3,пржиме на 2).
Пред служење фритулите ги прелеваме со сосот од лимон.