Палачинка со јајце
Состојки
- 2 палачинки
- 1 јајце
- според ваша оцена сирење и кашкавал
Подготовка
- Ставете ја лесно подмачканата со масло тава испечената палачинка, врз неа нареднајте по ваш вкус сирење, а по краевите ставете рендан кашкавал, врз неа ставете повторно сирење и на краевите кашкавал, на средината ставете помало јајце, посолете на вкус. На тивок оган нека се загреваат палачинките. Кога ќе забележите дека кашкавалот се топи преклопете од сите четири страни, но не целосно, поклопете со капак како би се јајцето зацврстило.
Кога е готово сервирајте на тањирот со прилог салата. Доручекот или лесната закуска е готова.
НАПОМЕНА
Еден мали милион рецепти за вака спремани палачинки со најразлични брашна и најразлично полнење.
-Да кажам дека ако го сакате јајцето да биде со течна жолчка - тогаш вака значи да се спрема како што сум напишала, но бидејки секој не обожава - тогаш ставете врз втората палачинка или пржено на око јајце или поширано.
- Јас ова го правам со палачинки кои ми останале, што незначи дека неможе да се спрема веднаш во самата тавка - но тогаш од погусто тесто и ке биде само една палачинка.
- Кашкавалот кој го ставате по крајот на палачинките ја има улогата да кога се стопи веднаш да преклопите од сите четири страни - тие ке се залепат.