Запечени палачинки со спанаќ и рикота
Состојки
- За палачинките
- 4 јајца
- 250 гр. брашно
- 500 мл. млеко
- 40 гр. растопен путер
- прстофат сол
- За филот
- 250 гр. рикота
- 250 гр. спанаќ
- 500 гр. бешамел сос
- попотреба мускатно оревче
- попотреба пармезан
- попотреба сол
Подготовка
Спанаќот го вариме, го исцедуваме од водата и го стискаме дополнително со рацете. Со помош на вилушка ги пасираме спанаќот, рикотата, солта и мускатното оревче.
Во сад за матење ги ставаме состојките за палачинки и ги матиме со миксер. Ги печеме на нелеплива тава која сме ја намрсиле со масло.
Тавата за печење ја премачкуваме со две лажици бешамел сос. Секоја палачинка ја премачкуваме со една лажица бешамел сос, а потоа ја филуваме со една полна лажица од филот со спанаќ и рикота, ги моткаме и ги позиционираме во тавата за печење. Откако ќе ја наполниме тавата со филуваните палачинки ги премачкуваме со бешамел сос и ги наросуваме со пармезан. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Од дозава излегуваат околу 12 палачинки со дијаметар од 20см. Јас филуваните палачинки ги разделив во две тави за печење од кои едната ја покрив со стреч фолија и ги заледив, ќе ми се најде за некој оброк кога немам да имам време за спремање.Га вадам од заледувач пред да ги печам.