Испечати

Медени урда палачинки

Медени урда палачинки

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажица мед
  • 4лажици урда
  • 2лажици брашно
  • 1 паковка ванила
  • Прелив
  • 100мл мед
  • 100 мл агаве сируп
  • 2-3лажички путер од кикиритки

Подготовка

Малку поинаков рецепт за палачинки.За наш вкус одлични.
Можете да ги користите како десерт,како појадок или како лесна вечера.
Користев несолена урда.
Во сад изматете ја урдата со јајцата.
Јас матев долго колку можев толку да ги намалам грутчињата од урдата.
Додадов брашно, ванила и мед,па продолжив со матењето.
Да напоменам дека матев со вилушка.
Кога смесата ми е готова, го премачкав тавчето со благ слој на масло, па истурав по една мала кутлачка од тестото за палачини.
Ги оставам да се печат и благо превртувам.
Кога од двете страни се печени,ги редам едно врз друго,и ги попрскувам со мед или агаве сируп.
По вкус,можете да ги редите една врз друга попрскувајќи ги, врз секоја палачинка со мед или агаве.
На површината можете да ставите путер од кикирики (омилениот на моите деца )
Нека ви е слатко.

Забелешка
Палачинкиве можете да ги печетеи на апаратот за палачинки.
Ако се одлучите за апаратот,тогаш, не го подмачкувајте со масло.
Палачинките си излегуваат совршено.