Испечати

Зајдисонце смути

Зајдисонце смути

Состојки

  • 1 /2 портокал
  • 1-2 моркова
  • 1 лажица мед или агаве сируп
  • 1 цвекло
  • 1/2 лимон
  • засладувач по вкус и желба

Подготовка

Смути во боите на зајдисонцето...

Подготовка
Во Нутрибулет/блендер ставаме лупен портокал, морков и засладуваме по желба. Блендираме и дел од сокот го ставаме во чаша, до скоро половина чаша.
Блендираме половина убаво излупен лимон и едно мало цвекло, по потреба засладувач и по потреба вода.
Блендираниов дел од цвеклото го ставаме со помош на лажичка. Ја ставаме лажичката блиску до површината на портокаловиот дел и врз неа постепено истураме од делот со цвекло, внимателно да не ни се размешаат боите.