Пилешко со сланина и павлака за готвење
Состојки
- 500 гр пилешки гради
- 200 р сушена сланина
- 400 мл павлака за готвење
- 2-3 јајца
- 2 лажици лебни трошки
- 1 лажица мешан сув зачин без сол
- сол и бибер , буковец и други зачини по вкус
- масло по потреба
- 150 гр кашкавал
Подготовка
Пилешко на 100 начини...Можам таков еден готвач да издадам...Овој рецепт можеби едноставен, ама сепак многу вкусен...
Подготовка
1. Ја запржуваме сланината која сме ја исечкале на ситни парченца.
2. Ги додаваме пилешките гради исечкани на коцки.
3. Додаваме зачини при крајот на пржењето.
4. Месото го распоредуваме во мала ростер тава.
5. Павлаката, јајцата, зачините и лебните трошки ги ставаме во чашката од нутрибулет и блендираме.
6. Смесата со павлака ја истураме врз месото.
7. Ставаме тенки листови кашкавал, наросуваме црвен пипер или буковец.
8. Тавата ја печеме на околу 180 степени околу 25 минути, ама печењето зависи од рерната.