Декоративен колач со јаболка (посно, веган, без миксер)
Состојки
- 320 гр брашно
- 180 гр шеќер
- 10 гр пециво
- 50 гр сечкани брусници
- 100 гр сечкани ореви
- 200 мл кисела вода
- 80 мл масло
- 50 мл крем од овес
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 лажичка цимет
- За декоративен дел
- 2 јаболка
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка ванила екстракт
- сок од 1/2 лимон
Подготовка
Есента ми е преубава, ама чувствата ми се комплетираат кога ќе ми замириса домот на печени есенски плодови надополнети со цимет. Овој колач е дел од таа есенска приказна...
Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и им ја вадиме срцевината со семките, па ги сечкаме на половина и секоја половина на тенки парчиња.
2. Ги полеваме со сок од лимон и ванила екстракт, па ги посипуваме со цимет.
3. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 180 степени со вентилатор.
4. За смесата за колачот ги ставаме сите состојки во еден сад, најпрво сувите ги соединуваме, па влажните ги ставаме и мешаме со лажица да се соединат.
5. Смесата ја истураме на намрсена и набрашнета тава.
6. Ги редиме јаболката со втиснување во смесата, може да посипеме цимет по желба.
7. Колачот го печеме околу 30 минути, ама тоа зависи и од рерната.
8. Откако ќе се испече посипете го со шеќер во прав.
Забелешка
Ако ви грее повеќе горниот греач покријте го колачот со хартија за печење.
Пробајте со чепкалка дали е готов, ако е сува, печен е.