Испечати

Американски палачинки со слатко од зрели смокви

Американски палачинки со слатко од зрели смокви

Состојки

  • чаша = 220 мл.
  • 1 и 1/2 чаша брашно
  • прстофат сол
  • 1 пециво (15 гр.)
  • 2 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 300 мл. млеко
  • 60 мл. стопен путер
  • 1/2 лажичка ванила екстрат
  • по потреба путер за пржење
  • по потреба слатко од зрели смокви

Подготовка

1. Во подлабок сад се ставаат брашното, солта, пецивото, шеќерот и се меша со дрвена лажица.
2. Во друг сад се става јајцето, млекото и се мати со жица, се додава стопениот (подизладен) путер, ванилиниот екстрат и се меша.
3. Течната смеса се истура во садот со сувите состојки и со дрвената лажица се меша да се добие густа смеса без грутчиња.
4. Во тавче на среден оган во средината се става малку путер и штом ќе се загрее, со кутлача се става од смесата за палачинки. Секоја палачинка се пече по 2-3 минути од двете страни.
5. Се прават палачинки додека има материјал, се оставаат да подизладат малку.
6. Во чинија се става 1 палачинка, се премачкува со сирупот од слаткото од смокви, истото се прави со уште 2 палачинки и најгоре се ставаат цели смокви од слаткото.
Рецептот за слаткото од зрели смокви е овде https://moirecepti.mk/post/%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be-%d0%be%d0%b4-%d0%b7%d1%80%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-3 .