Печени компири со павлака за готвење и кашкавал
Состојки
- Состојки
- 800 гр компири
- 250 мл павлака за готвење
- 100 мл млеко
- 100 гр кашкавал
- Потребно е уште сол,маслинов зејтин,црн пипер,црвен пипер
Подготовка
Ако сакате на вашата трпеза да имате компири подготвени на едноставен и поинаков начин,рецептот сигурно ќе ве заинтересира.
Прво излупените компири ги сечеме на тркалца со дебелина од околу 3 милиметри(значи потенко исечени).Ги ставаме во еден сад и им додаваме сол,црн пипер и црвен пипер и мешаме.Зачинетите компири ги редиме во тавче,кое претходно сме го намастиле со 2 лажици маслинов зејтин.Одозгора ја ставаме павлаката за готвење и млекото.Рендаме кашкавал и го ставаме тавчето во рерна на 180 степени околу 25 минути.
На здравје.