Испечати

Далгона (најкремастото) кафе

Далгона (најкремастото) кафе

Состојки

  • 2м.л Инстант кафе
  • 40мл Вода (ладна)
  • 40гр Шеќер
  • 200мл Млеко (ладно)

Подготовка

Сите луѓе ширум светот го претпочитаат своето кафе на одреден начин. Некои го пијат со млеко, некои сакаат црно кафе, некои додаваат шеќер...некои не. Како и да е, вкусот на доброто кафе на сите ни недостига, посебно сега во овој период на самоизолација. Кафето Далгона е попознато и како „грчко фрапе„ или грчко ледено кафе...а најпознато е како интерет сензација кое стана вистински хит по социјалните мрежи.

Подготовката е брза и едноставна
- Водата, шеќерот и кафето ги ставаме во сад за матење, миксираме на најслаба брзина 2 минути, па потоа на најјака брзина уште 5 минути. Добиваме многуууу густа пена, која ја делиме на 2 дела и ја ставаме во 2 чаши со ладно млеко (јас со шприц, а може и со лажица)

Уживајте во кремастиот вкус на ова кафе!