Испечати

Шарен куглов

Шарен куглов

Состојки

  • 4 Јајца
  • 18г.л Шеќер
  • 1 Ванила
  • 100мл Млеко (ладно)
  • 100мл Зејтин
  • 19г.л Брашно
  • 1 Пециво
  • неколку лажици Ораси (мелени)
  • 2г.л Какао
  • За посипување
  • 1 г.л. Прав шеќер

Подготовка

Вкусен и едноставен куглов, брз за подготовка...со состојки кои ги имаме во секое време и во овој случај подготвен од мојата ќерка.

Подготовка
1. Најпрво ги миксираме јајцата со постепено додавање на шеќерот до нивно згуснување. Потоа ја додаваме и ванилата.
2. Ги додаваме и течностите, на крај брашното измешано заедно со пецивото и неколку лажици мелени ореви.
3. Смесата ја делиме на 2 дела, во едниот го додаваме какаото.
4. Во намрсен и побрашнет куглов ставаме од смесата на следниот начин - ставаме 1 лажица од светлата смеса, до неа ставаме 1 лажица од темната смеса...редиме додека се наполни првиот ред. Потоа на вториот ред им ги заменуваме местата...врз светлата смеса ставаме од темната смеса и обратно. Така се до потрошување на целата смеса.
5. Печеме во загреана рерна на 150 степени (проверуваме со чачкалица кога е готово)
6. Испечениот куглоф нека олади, па го вадиме од калапот и го посипуваме одозгора со прав шеќер.

На здравје сладење!