Едноставен колач со лимон,цитрон и мандарина
Состојки
- 2 јајца
- 4 лажици шеќер
- 100 мл млеко
- 1 кесичка прашок за печиво
- 100 гр брашно
- рендана кора од еден лимон
- Прелив
- сок од еден цитрон и една мандарина
- 1 кесичка ванилин шеќер
- Крем
- 400 мл млеко
- сок од еден лимон
- 1 јајце
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Прекрасен колач со цитрусна арома кој се топи во уста.Готов само за половина час.
За пандишпанот се матат јајцата со шеќерот и откако станале пенасти се додаваат останатите состојки,убаво се меша и се пече.Колачот се пече во убаво намастена тава бр 26 која е наросена и со брашно на 180 степени околу 20 минути.
Печениот колач се оства да се олади па се превртува на чинија.Се полева со цеден сок од цитрон и мандарина во кој сме раствориле една кесичка ванилин шеќер.
Крем
Млекото го ставаме во касерола на тивок оган.Јајцето,сокот,шеќерот,брашното убаво ги матиме со жица и ги додаваме во млекото кога е пред вриење.Со постојано мешање чекаме да се згусти кремот.Оставаме малку да се олади и полека го нанесуваме врз пандишпанот.Декорираме со цитрусно овошје.
На здравје!