Лигњи со вино и лимон
Состојки
- Состојки
- 450 гр смрзнати лигњи
- 1/2 лимон(сок од лимонот)
- 100 мл бело вино
- Потребно е уште сол,маслинов зејтин,црн пипер
Подготовка
Ако сте љубители на морската храна, еве еден рецепт за вас.
Употребив смрзнати лигњи. Потребно е лигњите убаво да се одмрзнат. Се ставаат во тава на оган и кога ќе пуштат вода, водата се истура. Пак се враќаат на оган и додека пуштаат вода, водата ја фрламе. Кога сосема ќе се исушат се додава маслинов зејтин, сол и црн пипер и кратко се запржува. Се додава сокот од лимон и кога ќе испари течноста, се додава виното. Кога и тоа ќе испари, лигњите се готови.
Лигњите, приготвени на овој начин се вкусни, сочни и меки. Пробајте, нема да зажалите.