Испечати

Есенски палачинки со јаболков мус

Есенски палачинки со јаболков мус

Состојки

  • За палачинките
  • 2 Јајца
  • пола лажичка Шеќер
  • 1 Ванила
  • 400гр Брашно
  • 250мл Млеко
  • 250мл Кисела вода
  • За јаболков мус
  • 500гр Јаболка - кисели (излупени, исецкани)
  • 80гр Шеќер
  • 80гр Пченичен гриз
  • 500мл Вода
  • по вкус Цимет

Подготовка

Мирисот на есента доловен во облик на овие превкусни палачинки.
Подготовка -
1. Смесата за палачинки се подготвува на стандарден начин - ги миксираме јајцата со шеќерот и ванилата, па додаваме наизменично од течностите и од брашното до добивање на густа смеса како боза. Оставаме да одстои 30 минути, па ги пржиме палачинките во намастено тавче, кое е пожелно да биде нелепливо.
2. Ги филуваме со јаболковиот мус, кој се припрема на следниот начин- јаболката ги вариме со 1/3 од водата додека да омекнат, ги блендираме, ја додаваме останатата количина од водата и шеќерот, откако ќе зоврие го додаваме гризот постепено. Вариме 7 минути со постојано мешање, па тргаме настрана да се излади. Миксираме до згуснување на мусот. Оставаме во фрижидер кратко да се излади.
3. По вкус ставаме и цимет врз мусот.
Целосен рецепт за мусот имате на овој линк https://moirecepti.mk/post/мус-од-јаболка

На здравје!