Мус од Јаболка (Посно)
Состојки
- 500гр Јаболка - кисели (излупени, исецкани)
- 80гр Пченичен гриз
- 80гр Шеќер
- 500мл Вода
Подготовка
За љубителите на слатко-кисел вкус, ви го предлагам овој нежен, вкусен мус од јаболка кој го обожаваат и возрасните, а и децата.
Подготовката на овој кремаст мус е на следниот начин -
1. Најпрво јаболката ги лупиме и сецкаме на помали парчиња.
2. Потоа ги ставаме во тенџере каде додаваме 1/3 од водата, ги вариме јаболката додека да омекнат, па ги блендираме до помош на стапчест блендер до добивање на густо јаболково пире.
3. Ја додаваме и останатата количина од водата, го додаваме и шеќерот - мешаме да се стопи.
4. Откако ќе зоврие смесата, го додаваме и гризот, постепено...на неколку пати, внимавајки да не ни се направат грутчиња (ако сепак ви се направат, изблендирајте ја смесата). Сега мешаме постојано точно 7 минути, притоа внимаваме да не е јака температурата, се со цел да не прска од смесата.
5. Ја префрламе оваа смеса во друг сад, кој го ставаме врз сад со ладна вода и оставаме да се излади.
6. Откако ќе се излади, миксираме на најјака брзина неколку минути, притоа обемот ќе се дуплира. Ќе забележите дека бојата се променува во бела, а структурата станува кремаста. Оставаме во фрижидер потполно да се излади.
7. Полниме во садови со помош на готварски шприц или со лажица.
Уживајте во убавиот, слатко-кисел јаболков вкус на овој мус!