Испечати

Брз и едноставен колач со јаболки и лешници

Брз и едноставен колач со јаболки и лешници

Состојки

  • 2 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 60 гр мелени лешници
  • 100 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 120 гр брашно
  • 150 гр гриз
  • 1 пециво
  • 1 поголема рендана и исцедена јаболка

Подготовка

Подготовка

-Во длабок сад изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа, додадете ги млекото, маслото, мелените лешници, брашното, пецивото и гризот. Изматете ја смесата убаво со миксер. На крај, додадете ја ренданата јаболка и промешајте со лажица.
-Смесата ставете ја во набрашнета тава за печење и печите на 200 степени околу 15 минути.

Добар апетит