Кисел вргањ-зимница
Состојки
- 1 кг свеж вргањ (отприлика)
- Солило
- 1,5 л вода
- 300 мл бела киселина
- 2 лажици сол
- 2 лажици шеќер
Подготовка
Одберете млади и здрави вргањи.
Ставете во едно поголемо тенџере вода да врие.
Вргањите исчистете ги од нечистотиите, измиете ги и исечете ги на парчиња. Ако се малечки оставете ги цели.
Кога ќе зоврие водата ставете ги вргањите да варат две до три минути. Исцедете ги и убаво измиете ги под чешма да им се подизгуби слузот.
Наредете ги во помали тегли, колку за една салата.
Потоа ставете ги состојките за солилото да зовријат. Од солта можете и да намалите, ако така сакате. Кога ќе зоврие полнете ги теглите. Одма затворете ги и превртете ги со капакот надолу.
Готови се за десетина дена, па можете да уживате во нивниот вкус.
Ова се мерки за отприлика 1 кг вргањ. Меѓутоа кога вргањот ќе зоврие, ќе се намали, така што може и да ви остани од течноста.