Испечати

Палачинки торта

Палачинки торта

Состојки

  • 300 мл млеко
  • 3 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 100 грама путер
  • 500 мл слатка павлака
  • 1 арома ванила

Подготовка

Предходно се подготвуваат околу 25 палачинки (подгответе ги по ваш вкус, секое домаќинство има своја посебна рецепта за палачинки, нели?)
Подготовка на кремот
Со миксер се матат жолчките, брашното, шеќерот и аромата од ванила.
Млекото се става да се вари, пред да зоврие се ставаат изматените жолчки, брашно, шеќер и арома од ванила.
Сварениот крем се трга од оган додека е топол се става путерот се меша додека да се растопи.
Вака подготвениот крем се промешува од време на време за да не фати кора.
Во друг сад на страна се мати слатката павлака во неа постепено се додава од оладениот крем, се мати додека не се изедначи.
На чинија за сервирање се реди една палачинка се става од кремот и се размачкува по цела површина врз кремот се става втора палачинка, повторно крем се така додека не се потрошат палачинките и кремот.
Се декорира по желба.
Пред дегустација тортата од палачинки се остава во фрижидер 2 до 3 часа.
Пријатно јадење!