Испечати

Цимет Палачинки (со прелив од лимон)

Цимет Палачинки (со прелив од лимон)

Состојки

  • 110гр Брашно
  • 1 Пециво
  • прстофат Сол
  • 180мл Млеко
  • 1 г.л. Сок (од цеден лимон)
  • 1 Јајце
  • 1 г.л. Зејтин
  • Смеса со цимет
  • 60гр Кафеав шеќер
  • 60гр Маргарин
  • 1 м.л. Цимет
  • За прелив
  • 4 г.л. Сок (од цеден лимон)
  • 8 г.л. Шеќер во прав

Подготовка

Овој рецепт е лесен и брз, иако бара малку време, сепак е од оние рецепти за кои вреди да се потрудите. Тотално си ги заслужува сите пофалби, бидејќи е вистинско уживање. Палачинките се меки, вкусни...а со додавањето на смесата со цимет се фантастични, немате потреба од никакво дополнително збогатување на нивниот вкус, едноставно направете ги и ќе се уверите.

Подготовка -
1. Најпрво ја правиме смесата со цимет, со соединување на наведените состојки заедно со растопениот маргарин. Оваа смеса ја ставаме во ќесенце, на кое му правиме мало дупче и го ставаме во некој сад блиску до тавата за пржење (ќе ни треба за секоја палачинка)
2. Сега ја припремаме смесата за палачинките...Најпрво млекото малку го затоплуваме и во него го додаваме лимоновиот сок (оставете ги 5 минути)
3. Потоа сите други состојки со маталка ги соединуваме во некој сад, го додаваме и млекото...соединуваме до добивање на хомогена смеса.
4. Тавата за палачинки (пожелно е да е со нелеплива облога) малку го намрсуваме со зејтин и истураме од смесата за палачинки. Јас користев лажица за сладолед, ги направив помали по големина.
5. Сега ставаме насекаде од смесата со цимет и со помош на стапче за ражничиња (или чачкалица) ја разнесуваме насекаде.
6. Печеме кратко, односно околу 1 минутка...кога ќе се појават меурчиња на неиспечената страна превртуваме. Печеме кратко и од другата страна.
7. Ги редиме една врз друга неколку палачинки - јас 5, и им ставаме одозгора од преливот со лимон.

Уживајте во неодоливиот вкус и мирис на овие Цимет палачинки!