Испечати

Палачинки со јогурт и прелив од солен карамел

Палачинки со јогурт и прелив од солен карамел

Состојки

  • 250 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 чаша брашно
  • 2 лажици масло
  • прстофат сол
  • За полнење
  • солен карамел
  • мелени ореви
  • слатка павлака
  • За солен карамел
  • 1 чаша шеќер
  • 1/4 чаша вода
  • 2 лажици путер
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 чаша слатка павлака

Подготовка

Палачинки со јогурт кои формираат ситни дупчиња на површината... Одличен спој е солениот карамел со оревите и слатката павлака...

Подготовка
1. Ги двоиме белките од жолчките, па белките ги матиме со прстофат сол.
2. Жолчките ги матиме со шеќерите, па кон нив ги додаваме влажните состојки, јогуртот и маслото.
3. Ги додаваме прашокот за пециво и брашното, соединуваме.
4. Белките ги додаваме постепено кон смесата и соединуваме со шпатула.
5. На загреано и намрсено тавче ставаме од смесата и печеме на умерен оган. На површината ќе и се направат меурчиња кои потоа се претвораат во дупчиња.
5. Ја превртуваме палачинката кратко да се испече и од другата страна.
6. Секоја палачинка ја премачкуваме со солен карамел, посипуваме мелени ореви, ја преклопуваме па ја декорираме со изматена слатка павлака, солен карамел и мелени ореви.

Рецепт за солен карамел имам поставено тука ама еве и овде ќе ви објаснам како се подготвува.

Подготовка на солен карамел
1. Водата, шеќерот и солта ги ставаме во тенџере и ги загреваме. Шеќерот треба да ни се растопи и карамелизира, до светло златна кафеава боја. Внимавајте да не го загорите!
2. Го тргаме на страна па додаваме путер и слатка павлака. Промешуваме и го оставаме да се излади и згусне.
3. Ќе ви се чини дека е многу течен но само додека да се излади. Ставете си го во тегличка и одложете во фрижидер.

Рецептот за солен карамел е овде https://moirecepti.mk/post/солен-карамел-преливпо-рецепт-на-март