Бомбици со тиква, маџун, бадеми и ореви (посно)
Состојки
- 200 гр пире од печена тиква
- 3 лажици маџун
- 2 лажици мелени ореви
- 2 лажици мелени бадеми
- 1/2 кафена лажица ванилин шеќер
Подготовка
Посно, здраво, превкусно. Подготовката на овие бомбици е многу едноставна, лесна и брза.
Во длабок сад ставете ги пирето од печена тиква, маџунот, мелените бадеми и ореви и ванилиниот шеќер. Промешајте убаво.
Формирајте бомбици и валкајте ги во ситно сецкани ореви.
На здравје