Малинести палачинки
Состојки
- 350 гр смрзнати малини
- 200 мл вода
- состојки за палачини
- 300 гр брашно
- прстофат сол
- 1 лажица шеќер
- 2 јајца
- 100 мл кисела вода
- 400 мл млеко
- состојки за крем
- 400 гр маскарпоне
- 150 гр бело чоколадо
- 1 лажица ванила
- 200 гр шлаг
- Украс
- бело чоколадо малинки ,јагоди,калинки....
Подготовка
1. Малинките ги преливаме со вода и ги вариме> ги ситниме со блендер и ги процедуваме.
2. Сега следува тестото за палачинки.Ги миксираме сите наведени состојки и во нив го додаваме сокот од малинки.Го оставаме да одмори 15мин.Се печат палачинки во тава за палачинки од двете страни.
3.Крем-Чоколадото се топи и во него се додава сирењето.Се лади.Се додава во него изматениот шлаг и ванилата. се филуваат палачинките и одозгора се декорираат со стопено чоколадо ,малини,јагоди,калинка....