Десерт со палачинки и ореви
Состојки
- 6 јајца
- 3 лажици брашно
- 250 мл. млеко
- 5 лажици шекер
- За фил
- околу 150 гр. мелени ореви
- 4 лажици шекер
Подготовка
- Одвојте ги во посебни садови жолчките и белките.
- Во жолчката додадете го шеќерот и со жица матете ги заедно, кога ќе забележите дека почнало да се запенува почнете постепено да го додавате млекото и матете уште некое време. Додадете го брашното постепено мегувремено матејки за да нема грутчиња.
- Сматете ги белките во цврст снег, додадете ги во неколку наврата кај смесата со жолчка и бркајте, но не во хомогена смеса туку да остане да се гледа белката.
- Печете од смесата мали палачинки така што ќе ја загреете тавата која пожелно е да има капак, тргнете од огнот на кој веднаш и ќе ја намалите температурата. Сосема малку со салфета премачкајте ја тавката со масло и ставете една мала црпка од смесата, со лажиче од околу ставете по некоја капка водичка, поклопете и печете околу 1 мин. Тргете капакот, со шпатула проверете подигајки ја да видите дали може да ја извадите, ако се залепи од смесата на самата шпатула оставете уште малку да се допече.
Овде ќе кажам дека овие палачинки по некои рецепти се пече само од една страна, но лесно се превртуваат иако се меки и воздушести и јас ги превртувам да се печат од двете страни (ова заради децата) а вие одлучете како ке сакате да ги густирате... правилото е навистина само од едната страна.
- Било кој начин сте го избрале за печење извадете ја палачинката и веднаш ставете на тацната која сте ја избрале за послужување, посипете врз неа додека е топла од мешавината од оревот и шеќерот. Потоа врз неа ставете друга печена палачинка и повторно од мешавината, се така ставате во тацната колку што мислите дека е доволно за да послужите за една персона.
- Можете да ги правите доколку вие изберете така и големи и ги редите и посипувате веднаш во тацна - нека бидат сите палачинки така наредени, најодозгоа со некоја глазура, повторно посипете ... служете како торта.
- При секое ставање од смесата во тавката за печење потребо е да ставите по некоја капка вода и да покриете со капак - нормално да е провиден како би следеле што тоа се случува.
- Од ова тесто можете да спремате и на друг начин - да првично ставите 1 лажица, ставете околу него некоја капка вода, отклопете и вр тоа тесто додадете уште една лажица - водичка ставите-поклопете за кратко, одклопете и пак ставете 1 лажица - нека се кратко пече - тоа трае целото околу 1-2 минутки, превртете ги или не - како сакате, вадете и тоа веке е десерт приготвен за една персона - обично врз нив се става парче путер и врз неко мед. Онаа сунгераста текстура која се добива од оваа смеса ја прави целата магија.