Испечати

Колачиња со Јаболка

Колачиња со Јаболка

Состојки

  • 2 Јајца
  • 100гр Шеќер
  • 100мл Зејтин
  • 350гр Брашно
  • 1 Пециво
  • 2-3 Јаболка
  • За наросување (прав шеќер)

Подготовка

Неодоливи колачиња со јаболка... брзи, лесни, економични и многу вкусни.

Подготовка -
1. Ги миксираме јајцата и шеќерот, го додаваме и зејтинот.
2. Потоа го додаваме и брашното, претходно измешано со пецивото.
3. Соединуваме со помош на дрвена лажица...смесата е леплива.
4. Ги додаваме јаболката (излупени и исецкани на мали коцкички) мешаме убаво да се соединат состојките.
5. Во тава за печење ставаме хартија за печење и потоа со помош на лажица зимаме од смесата за колачињата и ги редиме „безформените колачиња„ врз хартијата.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.
7. Изладените колачиња ги поросуваме со прав шеќер.

Забелешка - од оваа доза испаѓаат околу 25 колачиња, печете ги на 2 пати ставајќи по пола од смесата за околу 12 колачиња.
Доколку обожавате цимет, освен прав шеќер, додадете и цимет врз нив.