Бомбици со овес, урми и ореви (посно)
Состојки
- 1 чаша мелени ореви (250 мл)
- 8-10 свежи урми
- 1 чаша овесни снегулки
- 1/2 чаша кокос
- 2 средни ситно рендани моркови
- 1 лажица путер од кикиритки
- мед по желба
Подготовка
Вкусни, здрави и убави бомбици.
Многу едноставно се подготвуваат. Само измешајте ги состојките.
Мед можете да додадете 1 лажица, а и не мора, ако се добро благи урмите.
Може да ги испрпелате во кокос, ореви, но и без ништо се убави.
Отприлика излегуваат околу 16 бомбици.