Необична салата со просо
Состојки
- 1 филџан просо
- 2 филџани вода
- 1/4лажиче сол
- 2-3 листа свежа марула
- 30гр зрна калинка
- 30гр суво грозје или сува брусница
- печени костени
- дресинг
- 2лажици маслиново масло
- 1лажица оцет од калинка или сок од лимон
- 1/2лажиче мед
- 1/2лажиче сенф
Подготовка
Денес имав малку поинаков, но многу вкусен и здрав појадок.
Сакав да биде поинакво, од она класичното......
Воопшто не погрешив.
Одличен баланс на слатко-кисел вкус.
Во мала касерола ја ставаме водата и солта.
Додаваме просо и вариме на тивок оган, со повремено промешување, додека целата течност не испари, а просото да се свари.
Потоа го оставаме просото во цедалка да се излади.
Во еден сад ги соединуваме танко сечените листови марула, зрната калинка, зрната суво грозје.
Го додаваме просото.
Во мал сад, тегличка ги ставаме сите состојки за дресинг и убаво соединуваме.
дресингот го нанесуваме врз веќе подготвените состојки.
Промешуваме и сервираме.
За малку јаткаст вкус додадов и печени костени.
На здравје