Испечати

Лимонада со калинка

Лимонада со калинка

Состојки

  • 300мл свежо исцеден сок од калинка
  • сок од 1 лимон
  • 100мл млака вода
  • 1-2лажици мед
  • ливчиња нане, коцки мраз

Подготовка

Во мал сад ја загреваме, околу 100 мл вода.
Јас не практикувам да користам од бојлерче топла вода.
Тргаме од оган и тука го додаваме медот да се раствори.
Лимонот и калинкте, 2-3 , колку е потребно, за да добиеме 300 мл сок, ги цедиме во алатка, па ги ставаме во бокалот.
Тука го додаваме растворениот мед во вода,
додаваме 2,3 коцки мраз и ливчиња нане.
Промешуваме и сервираме.
На здравје оваа здрава и вкусна лимонада.