Најлесен и најубав начин да се испечат костени
Состојки
- 500гр костени, или по ваш избор на количина
- вода колку да ги покрие
- тава за печење
Подготовка
Ви предлагам да пробате најубав и наједноставен начин на подготовка на печени костени.
Едноставно се прекрасни.
Многу лесно излегува цела лушпа, па и таа мембрана која ја имаат костените.
При печењето дури сами се отвораат и се лупат, како што е прикажано на сликата.
Прво костените ги засекуваме со нож, на едната или на двете страни.
Во касерола (тенџере) ги ставаме костените и налеваме вода колку да ги покрие.
Ја ставаме касеролата на оган и од кога ќе зовријаат вариме само три минути.
Потоа ја истураме водата и веднаш топли, ги префрламе во тепсија во која ќе печиме.
Плехот го ставаме во загреана рерна на 180-200 с, и печиме со повремено протресување на плехот.
Не им треба многу време, околу 20 минути.
Ако се печат подолго сметам дека ќе бидат пресушени.
Сепак пробајте до каде се.
Потоа така испечени ги завиткуваме во кујнска крпа да одстојат 10 минути, па лесно ги лупиме и сервираме.