Поховани палачинки со пилешко
Состојки
- 1/2 кгр. пилешки копан и задкопан
- 200 гр. кисела павлака
- 150 гр. печурки (шампињони)
- 100 гр. кашкавал
- 1 лажичка сенф
- 1 помала главица кромид
- 1 морков
- 2 чешниња лук
- на вкус сол, бибер, сув зеленчук
- За поховање
- според потребата јајца и презла
Подготовка
- На свареното пилешко месо одстранете ја кожата, искостете, насецкајте го.
- Во тавка ситно исецканиот кромид и морков ставете да се запржи до застаклување на кромидот. Додадете го и лукчето, промешајте, додадете го сецканото месо, сенфот и сега се заедно само запржете околу 5 мин. Додадете ги маринираните печурки, промешајте и тргнете на страна. Ставете сосема малку сол, сув зеленчук, бибер. Нека олади.
- На секоја палачинка прво намачкајте од киселата павлака, врз неа ставете од оладениот фил, одозгора ставете малку рендан кашкавал, замотајте ја палачинката во форма на сарма преклопувајки ги страните, а потоа заролајте.
(Наместо оваа постапка можете во оладената смеса да ги ставите киселата павлака и ренданиот кашкавал - измешајте и потоа ставајте од вака приготвениот фил врз палачинките и замотајте ги како предходно што напишав)
- Поховајте ги најпрвин потопувајки ги во сматено јајце, а потоа во презла. Исто така можете наместо презла да користите пченкарно брашно.
Послужете топли или ладни - секако се вкусни. Прилог нека биде сос од мајонез и кисела павлака измешани со лукче и буковец...