Солена торта од палачинки со ѕаѕики крем салата
Состојки
- За палачинки
- 1 јајце
- 200 гр брашно
- 150 мл млеко
- 100 мл кисела вода
- 4 лажици масло
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- За ѕаѕики крем сос
- 200 гр кисела павлака 20% масленост
- 2-3 кисели краставички
- 1 лажичка смеса зачин за таратур
- 1 лажичка копар
- 1/2 лажичка бибер
- сол по вкус
- 2-3 лукчиња
- 1 лажица мајонез
- Дополнително
- 100 гр пеперона салама
- 100 гр кашкавал
- 100 гр кисела павлака
Подготовка
Ова е рецепт кој може да го подготвите како закуска, предјадење или пак да ја збогатите вашата празнична трпеза...Може да си го искористите и вашиот рецепт за палачинки, а да ги филувате со предложените состојки. Ние многу го сакаме лукот особено во ваква комбинација и многу често ја подготвувам оваа крем салата.
Подготовка
Сите состојки за палачинките ги ставаме во еден сад и ги соединуваме со миксер.
Палачинките ги пржиме во нелеплива тава намачкана со путер или масло. За ваква големина на палачинки кои ќе ги редиме една врз друга за да добиеме торта, користиме помало тавче и ги правиме подебели палачинките.
За ѕаѕики крем сос со кој ќе ги мачкаме палачинките сечкаме ситно лук, ги сечкаме киселите краставички на коцки и сите состојки ги соединуваме. Сол додаваме по вкус.
Редиме палачинка, мачкаме ѕаѕики, рендаме кашкавал, редиме пеперона салама и така ред за ред ја формираме тортата. На врвот декорираме со кисела павлака, рендаме кашкавал и посипуваме со копар.
Забелешка
Смесата за палачинки ја подготвувам да ми биде малку погуста од класични палачинки, ама тоа зависи и од брашнотот кое го користите. Горе-доле тоа се состојките за тесто за палачинки.