Испечати

Американски палачинки со моркови и прелив од јаболка (посно, веган)

Американски палачинки со моркови и прелив од јаболка (посно, веган)

Состојки

  • За палачинки
  • 200 гр брашно
  • 1 банана
  • 1 ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 3 лажици шеќер
  • 1/4 лажичка цимет
  • 270 мл кисела вода
  • 50 мл крем од овес
  • 5 лажици масло
  • 2 рендани моркови
  • 1 лажичка пециво
  • За прелив
  • 1 големо јаболко
  • 1 морков
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици вода
  • прстофат цимет
  • сок од 1/2 лимон
  • За полнење
  • 2 банани
  • 1 рака мелени ореви

Подготовка

Ова е една успешна варијанта на американски посни палачинки...Рецептот го обмислив и да ви кажам првите две палачинки ги утнав, па потоа ги балансирав состојките додека да ја погодам густината на смесата за да ми биде идеална за печење...Превкусен рецепт!

Подготовка
Инаку лесно се подготвуваат така што сите состојки за тестото ги ставаме во блендер/Нутрибулет ги блендираме. Им додаваме рендани моркови, промешуваме и потоа ги пржиме на загреана тава. Важно е да ви кажам дека ги пржиме на тава која е нелеплива и добро намрсена со масло или путер. Температурата на која ги печев беше на рингла со јачина 3 од 6. За преливот од јаболка и морков јаболката ги лупиме, ги сечкаме на мали парчиња, како и морковите. Ги залеваме со вода и додаваме шеќер и цимет, па ги вариме додека да омекнат. Им додаваме сок од лимон кон крајот на варењето. Ги блендираме откако ќе омекнат и со тоа џем/преливот ни е готов.
Редиме палачинка, премачкуваме со преливот, редиме кругови банана и на крајот посипуваме со мелени ореви. Ги редиме една врз друга со редоследот што го напишав и формираме торта со висина по желба.
На крај ја филуваме со преливот декорираме со банани, посипуваме ореви и преливаме по желба со карамел прелив.