Чупавци
Состојки
- 4 Јајца
- 200гр Шеќер
- 1 Ванила
- 60мл Зејтин
- 60мл Вода (топла)
- 215гр Брашно
- 1 Пециво
- За преливот
- 250мл Млеко
- 100гр Шеќер
- 50гр Маргарин
- 100гр Чоколадо (за готвење)
- 2л Какао
- За декорација
- по потреба Кокос, Ореви, Мармалад, Крем
Подготовка
Чупавците се првото нешто што ме потсетува на колачи и кокос, омилени во дружба со пријатели и топол чај или кафе. Рецептите за чупавците главно се исти, со мали разлики во состојките, но сепак превкусни...и мислам дека нема кој не ги пробал и обожава. Секако, за оние што не сакаат кокос, направив и варијанта со ореви.
Подготовка
- Од наведените состојки го приготвуваме тестото за пандишпанот. Најпрво ги миксираме јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата (како за класичен пандишпан) Потоа ги додаваме водата и зејтинот, а на крај брашното, претходно измешано со пецивото. Смесата ја истураме во правоаголно тавче број 40, врз хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 175 степени, околу 30 минути (проверуваме со чачкалица)
- Пандишпанот нека олади, па го сечеме на коцки, правоаголници, триаголници, по желба.
- За преливот ги ставаме сите состојки во тенџере, да зовријат, тргаме на страна и оставаме да олади.
- Потоа ги брцкаме во преливот кратко (ладен прелив, ладен колач) па ги валкаме во кокос, ореви...по желба.
Забелешка
Јас направив неколку залепени со крем, неколку со мармалад...за сечиј вкус, вие по желба, иако нема потреба за тоа, ама како и да ги направите секако се превкусни.