Испечати

Палачинки полнети со банана

Палачинки полнети со банана

Состојки

  • За палачинките
  • 3 јајца
  • 250 мл млеко
  • 200 гр брашно
  • Банана
  • 2 банани
  • 100 гр темен шеќер
  • 1 лажица путер
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка

За палачинките изматете ги јајцата со млекото и додајте го брашното. Убаво измешајте и оставете ја смесата во фрижидер 1 час.
Бананите исечкајте ги, ставете ги во некое помало тенџерче, додајте го шеќерот, путерот и ванилата и варете ги минута-две.
Тавата за палачинки премачкајте ја со путер и откако ќе загрее турете еден слој од тестото, а одозгора ставете од бананата. Преку неа пак ставете од тестото. Нека се пржи од прилика една минута и превртете ја. Откако ќе запече од двете страни тргнете ја и продолжете со наредната палачинка.
Сервирајте ја прелиена со мед, а можете и прилог сладолед.