Испечати

Потпечени палачинки со праз

Потпечени палачинки со праз

Состојки

  • 1кг брашно
  • 1 лажица сол
  • вода по потреба
  • 1кг праз
  • масло по потреба

Подготовка

Палачинките ги сакаме дома во секаква комбинација и редовно си ги правиме. Морам да признаам дека првиот подарок кој го добив како член на оваа страна пред 8 години беше токму тавче за палачинки кое и ден денес го користам, но секако ќе бидам среќна да добијам и ново еххе
Овај пат се посни палачинки со праз. Најпрво го пропржуваме претходно измиениот и исецкан ситно праз. Во меѓувреме ги правиме палачинките, односно кашата за палачинки. Во поголем сад го ставаме брашното, водата и солта и правиме убава смеса.
Започнуваме со правење и се така се додека не ја потрошиме кашата.
Во намрсено тепсиче ставаме една палачинка ја намрсуваме со малку масло, ставаме од празот, па пак ставаме палачинка, па намрсуваме па ред праз и се така додека не ги потрошиме сите.
Ги сечеме на коцки, попрскуваме со малку масло од горе, ја покриваме тепсијата со фолија да не ни изгорат одма, и по некое време ја тргаме фолијата и оставаме убаво да се потпечат.
Со чаша јогурт се совршена комбинација.