Испечати

Чоколадна авокадо торта (без печење)

Чоколадна авокадо торта (без печење)

Состојки

  • основа
  • 100 гр лешници
  • 160 гр овесни снегулки
  • 200 гр урми
  • 2 лажици мед
  • 10 лажици млеко
  • фил
  • 200 гр варена тиква
  • 1 зрело авокадо
  • 100 гр урми
  • 4 лажици какао
  • 12 лажици мед
  • 100 гр темно чоколадо

Подготовка

Превкусна и кремаста здрава чоколадна торта. Ние уживаме во нејзиниот вкус

Основа- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Лешниците и овесните снегулки ги блендираме да се иситнат. Ги додаваме исцедените урми и медот. Блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад, го додаваме млекото. Со лажица мешаме. Смесата ја ставаме во правоаголен долг калап обложен со хартија за печење , ја распределуваме подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Садот го ставаме во замрзнувач.
Фил- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Во блендер ги ставаме варената тиква и авокадото. Блендираме. Ги додаваме исцедените урми, какаото и медот. Блендираме да се добие хомогена и кремаста смеса. Темното чоколадо го топиме на пареа . Го додаваме во филот. Промешуваме. Филот го ставаме врз основата. Украсуваме со сецкани лешници. Тортата ја ставаме во замрзнувач да се стегне неколку часа.

* јас цело време ја чувам во замрзнувач, по потреба сечам парчиња и оставам 10тина минути на собна температура пред послужување