Смути од калинка и банана
Состојки
- 1 банана
- 1 калинка
- 100мл флаширана вода
Подготовка
Ахххх, мојов Нутрибулет да има уста да проговори.
Десна рака ми е во кујната буквално за се.
Па за утрински течен, појадок...душа дал.
Прво калинките ги сечиме на половина.
Во цедалка за лимон го цедиме сокот кои го содржат зрната.
Добиената течност ја ставаме во чашата на нутрибулет.
Додаваме банана, и се убаво соединуваме.
По желба додаваме вода, за постигнување на посакуваната густина.
Консумираме веднаш.