Испечати

Лутеница со зелен домат

Лутеница со зелен домат

Состојки

  • 2кг зелен домат
  • 1,5кг ајварска пиперка
  • 500гр лути пиперки
  • 1 чаша кафен шеќер
  • 1 чаша масло
  • 3 лажици сол
  • 5 лажици јаболково оцет
  • по вкус бибер во зрно, магдонос, лук

Измиениот зелен патлиџан излупете го и тогаш премерете ја потребната количина, за да нема лушпи кои се одвојуваат од него при варењето..
Исечете го на покрупни парчиња и ставете во садот во кој ќе варите додавајки во него шеќерот, маслото, солта и оцетот.
Нека се вари 20 мин. на појак оган, а доколку е на послаб, тогаш малку повеќе време. По истекот на времето додадете го испечениот, излупен и насецкан пипер, продолжете да го варите уште 20 мин. Пред самиот крај додадете го биберот, лукот и магдоносот. Нека се довари. Не треба да настојувате да излезе маслото, треба да имате една кремаста и компактна смеса.
НАПОМЕНА
- Наместо кафен шекер јас при правењето на зимниците прво го карамелизирам шеќерот, па потоа ги додавам потебните состојки според рецептот. Го карамелизирам, но не да прегори, тргам на страна садот и веднаш го додавам доматот, маслото, оцетот, солта....
Секако дека може да биде само со ајварска пиперка за оние што не сакат луто (така ми е запишан рецептот), но јас си го променив заради тоа што сакаме луто.