Тостиран сендвич со моцарела и пилешки стек
Состојки
- 2 парчиња црно лепче
- 4 парчиња моцарела
- 1 среден патлиџан ( домати )
- 1 лажица песто сос
- 2-3 ливчиња босилек
- 200 гр пилешки стек
Подготовка
Секојдневниот појадок најчесто е монотон. Мармалади,салами, кашкавали...
Една промена за денешниов ден, не е на одмет.
На црно лепче премачкајте песто сос.
Наредете ги ливчињата босилек.
Ако користите моцарела во мали топчиња, ставете 4 топчиња, а ако имате едно парче големо, тогаш пресечете си 4 парченца, па наредете ги врз парчињата лепче.
Стекчето пресеќете го на тенкилистови и исчукајте го.Посолете го со црн бибер и сол,па запр
ете го со малку маслиново масло.
Наредете го на лепчето и него, па затворете со кругови домати.
Притиснете го со другото лепче па ставете го во апарат за тост сендвич. Притиснете благо, да се соединат состојките, да си се растопи моцарелата.
Нека ви е слатко со мојот предлог.