Фритули со нутела и рум
Состојки
- 3 јајца
- 1-2лажица кафен шеќер
- 1лажиче рум
- 1 ванила
- 1/4лажиче сол
- 250гр брашно
- 300гр рикота
- 3лажички рамни, пециво
- 100гр нутела
Подготовка
Еве предлог од мене за многу вкусни фритули, малку поинакви од оние што веќе сум ги споделила со вас на оваа страна.
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, брашното, пецивото и сол.
Во вангличка ги соединуваме со миксер нутелата и рикотата.
Додаваме едно по едно јајце, шеќер и ванила.
Соединуваме заедно со сувите состојки и додаваме рум.
Убаво промешуваме.
На умерен, никако на јак оган ги пржиме фритулите да заруменат, внимаваме и да не изгорат поради темната боја на тестото.
Значи со намастено мало лажиче земаме од смесата и ги пржиме во маслото.
Ги редиме на хартиени салфети, па ги посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.