Ролнички од црн домат
Состојки
- 1 црн домат
- полнење
- 1 црвена пиперка
- 50гр чадена сланина
- 3-4 лажици урда
- 1 јајце
- 10 листови спанаќ
- 1 чили
- сол, бибер, босилек,магдонос
- Поховање
- Јајце, брашно, презла, сусам
Подготовка
Деликатессссссс.....
Прво црниот домат го миеме и нелупен со помош на алатка го сечиме на тенки ленти.
Секоја лента малку ја посолуваме и парчињата црн домат ги оставме да одстојат 10 минута врз хартиени салфети.
Потоа на грил тава или во тава со додавање на некоја капка масло многу кратко ги запржуваме.
Ги редиме на хартиени салфети да одстојат 10 минути.
За тоа време го подготвуваме полнењето.
Во сад ги соединуваме сецканите листови спанаќ, сецканиот магдонос,сецканото чили пиперче, урдата, јајцето, сол, бибер.
Во мала тава ги запржуваме сланинаката сецкана на коцки и сецканата црвена пиперка.
Кога се изладени ги додаваме на претходно подготвената смеса.
Со вилушка убаво ги соединуваме сите состојки.
Земаме лента црн домат, ставаме полно лажиче фил и завиткуваме како ролничка.
Ги редиме така подготвени на послужавник.
Потоа секоја ролничка ја валкаме прво во брашно, па во изматено јајце, па во соединети презла и сусам.
Ги пржиме на умерено загреано масло додека заруменат.
Ги редиме на хартиени салфети да одстојат 10 минути, па ги сервираме како предјадење или вечера.
Јас имав и 2-3 капија печени пиперки и нив ги подготвив на ист начин.
И таа верзија е многу убава.