Испечати

Лазањи со домашни кори (јуфки) во земјени садови

Лазањи со домашни кори (јуфки) во земјени садови

Состојки

  • 3 грста домашни кори
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 500 мл доматно пире
  • 150 + 350 гр кашкавал
  • зачини - мешан сув, пимент, оригано, босилек и малку куркума

Подготовка

Корите сварете ги во зовриена посолена со масло вода. Не ги преварувајте.
Исцедете ги и растресете ги за да не се залепат.

Ситно сечканиот кромид се запржува со меленото месо додека не испари водата.
Потоа се додава доматното пире и зачините и се пржи на тивко додека малку се згусти, но не оставајте многу густо да е, па на крај додадете го 150 гр кашкавалот.
(Вие повеќето знаете дека јас не користам печурки, но овде во филот, одлично би се вклопиле, па јас само да ви напоменам ))) Купив едни шампињони и си реков ќе ги ставам во некои од садовите за гостите, па ќе има со и без, ама ги изумив оти толку ги сакам хахаха)

Премачкајте ги земјените садови со масло и редете во нив ред кори, па ред мелено, врз него ред рендан кашкавал и тука заради вкусовите на гостите изоставив, но верувајте одлични испаднаа и сите навалија особено на нив, можи да ставите малку кечап.
Завршува со кори и врз нив рендан кашкавал и оди на печење на 190С додека не фати убава коричка одозгора.

Повеќето периодов имате направено домашни кори. Ние ги сакаме само во печена форма, но до скоро немавме многу идеи како да ги готвиме на различни начини. Ми текна како во еден ресторан каде често одам има феноменални лазањи во ваков облик и си реков а оти да не бидат со домашни кори, зар мора купени специјално да се? Пробаје ги, верувам дека ќе бидите пријатно изненадени.