Испечати

Шпански омлет без кромид

Шпански омлет без кромид

Состојки

  • 2 средни компири
  • 3 пиперки капија
  • 5 јајца
  • сол и масло за пржење

Подготовка

Излупете ги и исечкајте ги компирите на коцки и испржете ги.
При крај додадете ги сечкани печените пиперки.
Откако ќе запржат, истурете дел од маслото кое ќе е вишок и посолете ги.
На крај искршете ги јајцата едно по едно или претходно матени.
Посолете ги и нив и допржете.

Ако сакате естетика и да ви испадни како омлет, не мешајте, ами со помош на чинија превртете го омлетот во тавата од другата страна.
А ако сакате порурален изглед тогаш допржете со мешање.
И на вториот начин ќе се направи целина која ќе можи комплетно да ја пренесите во едно парче на чинија за сервирање кога малку ќе подолади.
Овде на сликата сепак е само втората половина, бидејќи првата уште жешка се „пробаше“ : )