Испечати

Кокос бадем барови (без печење, сурово, посно)

Кокос бадем барови (без печење, сурово, посно)

Состојки

  • прв слој
  • 50 гр бадеми
  • 100 гр кокос
  • 100 гр урми
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • втор слој
  • 5 лажици таан
  • 4 лажици мед
  • 30 гр бадеми
  • чоколаден прелив
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици какао

Подготовка

1. Урмите ги ставаме во чаша со жешка вода да стојат 20тина минути.
2. Прв слој. Бадемите ги ставаме во блендер, ги ситниме како брашно. Го додаваме кокосот, повторно блендираме. Ги додаваме исцедените урми, блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме кокосовото масло и медот. Мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во правоаголен сад обложен со хартија за печење со димензии 22х14 цм. Ја распределуваме и притискаме со лажица. Садот го ставаме во замрзнувач.
3. Втор слој. Бадемите ги ставаме во блендер, ги ситниме на поситни парчиња. Во длабок сад ги ставаме медот и таанот. Промешуваме да се соединат.
4. Врз првиот слој премашкуваме со мешавината од таан и мед. Посипуваме со иситнети бадеми.
5. Чоколаден прелив. Во мал длабок сад ги ставаме какаото и кокосовото масло, мешаме да се соединат. Со чоколадниот прелив ги попрскуваме и шараме баровите