Руска салата - туршија
Состојки
- 2 кг. корнишони
- 2 кг. моркови
- 2 кг. зелени домати
- 2 кг. црвени пиперки
- 2 кг. карфиол
- За солило
- 250 гр. сол
- 250 гр. шеќер
- 250 мл. 9% алкохолен оцет
- 1 ќесичка црн пипер во зрно
Подготовка
Руска салата - туршија, оваа година ја направив без масло, конзерванс и винобран.
Јас нешто намалив на домати и пиперки, а на сметка на тоа додадов зелка.
Зеленчукот се мие,дроби, се става во длабок сад,јас во тенџере со капак.
Се зовриваат состојките за солилото еден клуч,се полева зајрето.Се додава и црната пипер и убаво се меша.
Се покрива и се остава преку ноќ. Доколку сте во можност, неколку пати промешајте.
Другиот ден се полнат теглите,со благо притискање со лажица.Им се налива од течноста во тенџерето.
Се пастеризираат теглите. Се вријат 15 мин. (откако ќе почни да врие водата се смета времето).Се тргаат од оган и се оставаат така да изладат во водата.