Декоративен ролат со мелено месо и пиперки
Состојки
- 500-550гр. мелено месо
- 2 помали главици кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 6лаж. презла(лебни трошки)
- 1лаж. црвен пипер
- мешан зачин,магданос,црн пипер
- 3-4 печени црвени пиперки
- 300гр. млечен кашкавал
Подготовка
Подготовка
Ситно исечкајте ги кромидот и лукчето. Додадете го меленото месо и јајцата, па добро измешајте. На крај додадете ги зачините и презлата. Ако имате Сецко, сето ова можете во него да го направите, па така ќе добиете убава хомогена смеса.
Смесата од мелено месо расплескајте ја најлонска фолија во правоаголна форма.
Наредете ги сецканите печени пиперки и сецканиот кашкавал,замотајте ролат.Ролатот го мотате во алуминиумска фолија пред печење.
Печете околу еден час на 220степени и уште 30 мин.на 200степени.
Сечете откако убаво ќе се излади.
Добар апетит!!!