Испечати

Чоколадна мус торта со ролат

Чоколадна мус торта со ролат

Состојки

  • За ролат
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • За чоколаден мус
  • 400 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо за готвење 60 %
  • 300мл млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 1 желатин

Подготовка

За ролат
Јајцата изматете со шеќер и ванила, додајте брашно. Истурете во тепсија, печете на 200 степени около 25 минути.
Тесто завиткајте во ролат и оставете да истине.
Ако не можете да испечете ролат купете си готов.
За мус
Чоколадото за готвење ставете го во сад со млеко и шеќер, растопете на пареа.
Желатинот натопете го со 50 мл вода. Во растопено чоколадо додајте желатин и оставете да истине.
Слатката павлака изматете ја, во неа полека додавајте истинато чоколадо. Се убаво промешајте.
Ролатот малку намачкајте го со филот и завиткајте. Оставете во фриждер.
Во калап ставете еден прст од мусот оставете го во замрзнувач да се стегне побрзо.
Извадете го калапот од фрижидер, врз мусот ставете го ролатот и истурете ја сета смеса во калап. Затворете со фолија и ставете во фриждер да се стегне!
Украсете торта со шлаг, парчиња чоколадо и вишни.
Добар апетит!