Пишкоти
Состојки
- 2 Јајца
- прстофат Сол
- 50гр Шеќер
- 75гр Брашно
- За посипување
- 1г.л. Прав шеќер
Подготовка
Брзи, лесни, вкусни...домашни пишкоти. Подготовката е брза и се прават на следниот начин.
- Во сад за матење ги матиме белките со прстофат сол додека за забели смесата. Потоа го додаваме постепено шеќерот-миксираме додека да биде доволно цврста смесата, да се прават цврсти врвови...како за кајмаци.
- Сега ги додаваме жолчките една по една, миксираме кратко.
- На крај го додаваме брашното (во неколку наврати) преку цедалка, мешаме со маталка.
- Смесата ја префрламе во готварски шприц со кружен додаток и ги оформуваме пишкотите во плех на кој претходно сме ставиле хартија за печење.
- Врз нив посипуваме прав шеќер со помош на цедалка.
- Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-на минути (или повеќе) до посакуваната боја.
Уживајте!