Солени шишарки
Состојки
- 900 мл. вода
- 1 лажица сол
- 250 грама палента
- 100 грама путер или маргарин
- 200 грама сирење
- 500 грама кисело млеко
Подготовка
Во тенџерче на оган ставаме да зоврие водата со солта.Кога ќе зоврие ја додаваме палентата и ја вариме 10 минути.Тенџерчето го тргаме на страна и во тавиче ставаме да се растопи путерот.Кога ке се растопи со него ја попаруваме палентата и промешуваме.Во калапче за шишарки или цедалка за лимон полниме од палентата до половина ставаме парче сирење и дополнуваме.Се така додека имаме палента.Шишарките ги декорираме со кечап и мајонез.Сервираме со кисело млеко.