Роденденска торта ( декорација )
Состојки
- 1,5кг бел фондан
- 500 гр розов фондан
- 1 паковка декоративни бисерчиња во сребрена боја
- 4-5 калапи за оформување на фонданот
Подготовка
Роденденска торта со нежна боја.
Тортата е подготвена многу одамна,но си реков зошто да не ја прикажам како идеја,кога веќе постои опцијата декорации и идеи со храна.
Ова беше роденденска торта за една мала принцеза.
Ја исполнив нејзината желба, да биде круната на нејзината глава и на нејзината торта.
Употребив фондан во бела и розова боја и многу декоративни бисерчиња.
Ако немате калап да ги извадите мрежестите квадратчиња тоа изведете го со нож.
Внимателно при обработката, во зависност од фонданот,можно е да лепи или да се кине.
Играјте си со фонданот, на крај ќе добиете изненадување.
Нека ви е слатко.