Бајадера Бомбици (посно)
Состојки
- За бомбиците
- 200гр Бисквити (мелени)
- 100гр Ореви (мелени)
- 75мл Вода
- 100гр Маргарин
- 100гр Шеќер
- За полнење на капислите
- 200гр Чоколадо за готвење
- 6г.л. Зејтин
- 5г.л. Ореви (мелени)
- За декорација
- 50гр Чоколадо
- малку бисквити, ореви (мелени)
Подготовка
Овие превкусни бомбици се дел од нашата домашна слава (која е посна) покрај баклавата и други ситни блакца. Освен за славата ги правам многу често бидејќи се едни од омилените на моите дечиња.
Подготовка -
1. Најпрво ги мелеме бисквитите и орасите и ги ставаме во некој сад.
2. Потоа на тивок оган ги ставаме шеќерот, маргаринот и водата...само да зовријат и да се стопи шеќерот.
3. Оваа течност ја истураме врз мелените бисквити и ораси и формираме бомбици со големина колку орев, ги редиме во некој дискус и ги оставаме во фрижидер 10-на минути.
4. За тоа време го топиме чоколадото со зејтинот, ги додаваме и мелените ораси.
5. Од стопеното чоколадо во книжни каписли (од најмалите) ставаме по 1м.л. и врз него ставаме бомбица.
6. Декорираме со растопено чоколадо и мелени бисквити или ораси.
Заради разноликост дел од смесата (или направете дупла доза) можете да ја обликувате како бајадера.
Доколку се одлучите да ги направите како дел од вашата славска трпеза, можете слободно да си ги направите предвреме и да си ги замрзнете, се со цел да си олесните од приготовките околу славата.